Хјустон изедначи против Голден стејт во НБА плејофот

од Vlatko K
126 прегледи

Една победа го дели Милвоки бакс од финале во Источната конференција во разигрувањето за
титулата во НБА-лигата по победата остварена ноќеска на гостувањето кај Бостон.


Предводени од Јанис Адетокунбо кој имаше дабл-дабл ефект со 39 поени и 16 скока, Милвоки го
доби натпреварот со 113:101 и поведе со 3-1 во серијата прв до четири победи.

На вториот натпревар одигран ноќта меѓу понеделник и вторник, Хјустон беше поуспешен од
шампионот Голден стејт со 112:108 за изедначување на 2-2 во полуфиналето на Запад.

Џејмс Харден со 38 поени и 10 скока беше најдобар играч во домашниот тим, кај гостите Кевин
Дурант даде 34. Стеф Кари 30 поени.