Финската компанија HMD Global се подготвува да претстави нови смартфони и овој пат се надеваме дека ќе ги израдува фановите со топ модел.

Компанијата започна да праќа покани за настан на 4 октомври во Лондон, но освен тоа, на истиот датум ќе организира таков и во Милано, што сугерира дека ќе има различни локални средби со медиуми.
Поканата до англиските медиуми експлицитно наведува дека станува збор за нов додаток на портфолио од паметни телефони на компанијата, па веќе е јасно дека нѐ очекува барем еден нов телефон.
Многумина се надеваат да видат вистински наследник на Nokia 8 и Nokia 8 Sirocco, но е многу веројатно настанот да е посветен на Nokia 7.1 Plus, кој е позициониран во средниот ценовен сегмент и обезбедува исечен дисплеј, двојна камера, чипсет Snapdragon 710 и 6GB RAM.