1,1K
Алтернатива има мал број на гласови во Тетово, но доколку сакаат можат да ја гласаат за Арифи. Ако со тоа сакаат да влезат во Влада, ние од Беса, исто така немаме ништо против, вели членот на БЕСА и министер за земјоделство, Аријанит Хоџа во емисијата „Клик плус“.
Тој додава дека не му се лути на премиерот Зоран Заев поради неговата денешна изјава дека СДСМ нема да поддржи ниту еден кандидат во Тетово, туку граѓаните ќе гласаат по свое убедување.
-Спремен сум да се откажам од министерството само за да го добиеме Тетово, додава Хоџа.