Хоџа: С.Македонија останува посветена на Преспанскиот договор

Владата на С.Македонија се уште останува посветена на Договорот од Преспа, кој всушност беше еден од клучните во рамки на евроинтеграциите на земјава и просперитетот во НАТО, изјави на денешната прес конференција, портпалот на Влада, Муамет Хоџа.

„Има две странки во овој Договор, македонската и грчката. Тие се фокусирани на сите обврски кои произлегуваат од ваквиот Договор. Формирана е соодветна Комисија во рамки на двете влади. Соодветната комисија работи во текот на оваа година, моментот кога тие ќе имаат договор или ќе имаат заеднички заклучоци за ова јавноста ќе биде известена. Но, за целата процедура немаме ниту една пречка, имаме комуникација меѓу двете влади, меѓу двете комисии, немаме пречки, комуникацијата е постојана. Се надеваме дека за сите отворени прашања наскоро ќе имаме договор“, посочи Хоџа.

На новинарко прашање пак, Хоџа одговори дека С.Македонија поточно Владата, не би сакала да се впушта во коментирање на медиумски написи.

„Со Договорот од Преспа, како и со Договорот за добрососедство и пријателство со Република Бугарија покажавме дека наша цел се добрите односи со соседите, како еден од условите за членство во ЕУ. Очекуваме континуирана поддршка од нашите соседи кои се членки на ЕУ, тие да се залагаат за наше побрзо интегрирање“, посочи Хоџа.

Слични содржини