Заменик-помошникот државен секретар на САД за Централна и Источна Европа Хојт Брајан Ји направи мрачна прогноза за иднината на Балканот.

Во интервју за српскиот весник НИН, американскиот политичар коментира дека во наредните три децении земјите од регионот нема да ги достигнат просечните нивоа на показателите на земјите од Заедницата, цитира белградското издание Блиц.
Број еден приоритет треба да биде економскиот напредок. Повеќето земји во регионот имаат раст од три-четири проценти годишно, но дури и со овој развој, или дури со раст од шест проценти, земјите од Балканот нема да стигнат до просекот на ЕУ во наредните три децении.
САД не ги затвораат очите и за корупцијата на политичарите на Балканот, објасни Хојт Ји во интервјуто за весникот.