Одобрението на Сенатот е последната пречка пред “законот за следење” , кој беше изготвен во сегашната форма по години на дебати и критики од бранители на онлајн правата и уставните судови.

Законот, кој беше трасиран со широка поддршка, ќе стапи во сила од овој месеци по неговото потпишување од монархот и биде објавена во Службен весник.

Активистката група Bits of Freedom предупреди дека воените и разузнавачките агенции на Холандија сега ќе имаат можност да следат големо количество интернет информации, без да се потребни јасни причини и со ограничена контрола. Групата исто така се противи на  тригодишно чување на базата на податоци што според агенциите е од практично значење, како и против можноста за размена на информациите со странски партнери.

Владата  аргументира дека овластувањата се потребни за справување со заканите против националната безбедност во модерната ера и дека посебен панел ќе следи за правилна примена на законот.