Холандска државјанка пронајдена мртва во Скопје

од Nikola Popovski
244 прегледи

Холандска државјанка била пронајдена почината во својот дом на подрачјето на Бит Пазар, информираа од МВР.

-Вчера 09.03. во 00.22 часот во СВР Скопје било пријавено дека во дом на подрачјето на Бит Пазар била пронајдена почината С.Л.К.(52) од Кралството Холандија, со живеалиште во Скопје, велат од полицијата.

Смрт без видливи траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатата било дадено на обдукција.

Слични содржини