Идеален прилог за секое јадење

Потребни состојки:
450 грама зелка
200 грама морков
3-4 стебленца млад кромид
3 лажици мајонез
1 лажичка сенф
1 лажичка оцет
1 лажичка бибер
половина лажичка сол
Приготвување:
Исечете ја зелката на тенки ленти. Додајте крупно рендан морков и ситно исечкан кромид. Зачинете со сол и бибер и добро измешајте. Пригответе прелив од мајонез, сенф и оцет и прелијте го врз салатата. Добро измешајте, оставете ја да се излади, па послужете ја.