Холандскиот амбасадор: Спорот со Бугарија е мала пречка на патот кон ЕУ

од Nikola Popovski
245 прегледи

Стана сосема јасно дека Бугарија е осамена во ветото кон Македонија. Никој не ја споделува позицијата на Бугарија. 26 земји членки мислат дека Македонија е спремна за почнување на преговори со ЕУ, вели холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп во интервју за емисијата „Трилинг“.

Според него, притисокот врз Бугарија растел во последниот период, но дека ситуацијата се уште не треба да се претвори во драма, затоа што, вели тој, нашата стратешка цел е завршување на преговорите со ЕУ.

-Според мене, потешкотиите со Бугарија се мала пречка на патот кон ЕУ и тоа нема влијание на домашната, која оваа земја мора да си ја заврши. Се уште мислам дека не треба да правите драма околу Бугарија. Тој проблем еден ден ќе се реши. Конечната цел и отворањето на поглавјата се битни, додава Коп.

Слични содржини