333
„Во март кога беше договорено С. Македонија да ги почне преговорите, земјите членки со месеци работа на преговарачката рамка со ЕК. Како и во сите случаи пред Македонија, нема место за билатералните прашања во тие рамки“, изјави холандскиот амбасадор во земјава, Дирк Јан Коп во неделното интервју на Радио Слободна Европа.
Според него, земјите треба да ги решат тие прашања пред да станат членки.
„Сите земји беа согласни дека треба да се одржи првата Меѓувладина конференција. Бугарија беше сама во блокадата, но сепак тоа е прашање кое треба да се реши, не од ЕУ, туку исклучиво меѓу Бугарија и С. Македонија. Многу е поважно земјата да продолжи да ги спроведува реформите и тоа е единствената работа, која ќе ве однесе во ЕУ“, вели амбасадорот.