Од Русија, поточно од Санкт Петербург, доаѓа необична фудбалска приказна, со нефудбалски елементи, од која навистина може да се направи вистински холивудски блокбастер!
Имено, Африканци кои живеат во овој руски град, преку некои извори дознале дека клуб од Италија, кој засега е неименуван, е заинтересиран да доведе фудбалер од Данска. Успеале да направат неверојатна измама. Тие направија лажен пасош со име и презиме на тој, исто така неименуван играч, со цел да отворат банкарска сметка врз основа на тој документ, како и да ги фалсификуваат сите документи со симболите на данскиот клуб на кои треба да се изврши трансферот.
Лукавите Африканци сето тоа им го испратиле на Италијанците кога биле информирани дека преговорите меѓу клубовите завршиле и требало само да уплатат пари на сметката за да се реализира трансферот. Потоа, испратени се лажни податоци со банкарска сметка во Русија, на кои Италијанците платиле 800.000 евра!
Меѓутоа, руската полиција ја открија измамата и ги уапси сите осомничени, меѓутоа, поголемиот дел од парите се потрошени, а во станот каде што биле измамниците, се откриени сите потребни алатки за фалсификување пасоши, кредитни картички, лични карти…
Измамниците се всушност имигранти од Африка кои се стационирани во Санкт Петербург. Еден е од Буркина Фасо, а тројца се од Нигерија, се наведува во соопштението на руската полиција.