Холивудска свадба: Скарлет Јохансон ќе каже „да“ по трет пат

од Vladimir Zorba
156 прегледи

По неколку несреќни врски и два неуспешни бракови, Скарлет Јохансон одлучи повторно да се омажи, пренесува Пипл.

Актерката одлучи да живее во вечна лојалност кон нејзиниот сегашен партнер, Колин Јост, потврди претставник на ѕвездите.

Според неговите зборови, свадбената церемонија сè уште нема точен датум. Ова ќе биде прв брак за комичарот на шоуто Saturday Night Live Колин и трет за ѕвездата oд “Одмаздници”.

Од 2008 до 2010 година Скарлет беше сопруга на Рајан Рејнолдс, а потоа склучи брак со Ромен Дориак од кого има и ќеркичка – Роуз. Доријак и Јохансон се разделија во септември 2017 година.

Во декември истата година, стана јасно дека Скарлет ја пронашла љубовта во лицето на Колин.