Hollywood Life грмна: Џоли го оставила Пит поради оженет арапски милијардер

од desk3
104 прегледи

Западните медиуми не престануваат да шират верзии за разводот меѓу Бред Пит и Анџелина Џоли. Според последната гласина, која се појавила во Hollywood Life, причина за разделбата меѓу двајцата станал оженет арапски милијардер, со кој актерката имала врска од шест месеци. Симпатијата меѓу двајцата се претворила во бурна љубов, а потоа било потребно Енџи само да признае пред сопругот дека повеќе не може да биде со него, пишува kp.ru.

1476116784-izteglen-fayl

Според изданието, холивудската ѕвезда се запознала со 50-годишниот бизнисмен, чие име не се споменува, на добротворен прием во Блискиот Исток. Џоли постојано посетува слични настани во својство на амбасадор на ОН. Новиот човек во нејзиниот живот завршил во Оксфорд.

Hollywood Life тврди дека Џоли повеќе не можела да ги крие чувствата кон бизнисменот и признала пред Пит дека повеќе не го сака. Актерот побеснал и подигнал голем скандал, кој станал и причина за разводот .

Треба да се напомене дека во почетокот на бракоразводниот предмет претставник на Џоли изјави дека во нивната разделба е вмешана “трета страна”. Сепак верзијата на Hollywood Life звучи прилично неверојатна, бидејќи во последно време на сите официјални приеми актерката изгледа прилично несреќна отколку вљубена.