272
Хонг Конг ќе започне со вакцинирање против вирусот ковид-19 за деца од 12 години и постари, беше објавено денес.
Децата од таа возрасна група ќе можат да ја примат вакцината на Фајзер/Бајонтек, но жителите на оваа земја сепак треба да бидат постари од 18 години за да ја примат кинеската вакцина Синовак, пренесува „Ројтерс“.
Хонг Конг ја започна својата програма за вакцинација против ковид-19 во февруари, но само околу 14 проценти од населението е целосно вакцинирано.
Градскиот секретар за здравство Софија Чан рече дека придобивките од намалувањето на возрасната граница за вакцината на „Бајонтек“ ги надминуваат ризиците.