Хорас Грант: Лага, лага, лага – 90 отсто од „Последниот танц“ е сра*е

од Aleksandar Petrovski
180 прегледи

Поранешниот кошаркар на Чикаго Булс, Хорас Грант не е согласен со многу работи од документарецот „Последниот танц“ кој ја опишува кариерата на Мајкл Џордан.
Грант и Џордан никогаш не беа во добри односи, а најмногу затоа што Хорас не сакал да молчи на „trash talk“ на Џордан.
Во документарецот повторно беше кажано како Грант бил еден од изворите кој открил што се случувало во соблекувалната на Чикаго Булс во книгата на Сем Смит – „Џордановите правила“.

„Лага, лага, лага… Ако Џордан има проблеми со мене, ајде да го решиме тоа како мажи. Да разговараме за тоа или можеме поинаку. Повторно збори лаги како јас сум бил изворот кој ги открил деталите во книгата. Сем Смит и јас секогаш сме биле добри пријатели и натаму сме. Но она што се случува во соблекувалната, тоа никогаш не би го кажувал на некому да го објави. Сем беше новинар, речено е дека имал два извори додека ја пишувал книгата. Зошто тогаш Џордан само мене ме обвинува?, изјави Грант, а пренесува ЕСПН.

Поранешниот член на златната генерација на Чикаго додава дека кога некој е против Џордан, тогаш Ем Џеј ќе направи се за да го уништи.

„Тој докажа дека сака да ме вознемири за време на самопрогласениот документарец. Кога ќе кажете нешто за него, веднаш ќе ве исече, ќе се обиде да ја уништи вашата личност“.

Грант исто така вели дека документарецот е сра*е.

„Можам да кажам дека тој беше забавен, но сите ние, кои бевме негови соиграчи во тој период, знаеме дека 90 проценти од работите се сра**. Кога го велам тоа, мислам на реалност. Не беше така, многу работи што Ем Џеј им ги изговори на со своите соиграчи, многумина возвратиле со иста мерка. Но, сето тоа беше изменето на некој начин во документарецот, ако воопшто може да се нарече така“.

Хорас продолжи да зборува за односот меѓу Џордан и неговите соиграчи.

„Чувствуваше дека може да доминира, но секој пат кога ќе дојдеше кај мене, ќе возвратев. Но, момците како Вил Пердју, Стив Кер, тие помлади момци, беше зачудувачки да се види како се однесува со нив. Човекот кој е лидер на тимот да се однесуваме така … Јас разбирам тренинг, мора да се туркате едни со други до крај, но да ги нарекувате со навредливи имиња, никогаш не сум бил за тоа“.

Грант се потсети на познатата реченица на Џордан, кој рече во авионот да не му се дава храна на Грант, бидејќи тој одигра лош натпревар.

„Да, точно е дека тој рече: Нема храна за него затоа што тој лошо играше“. Но веднаш му одговорив. Му реков нешто што сега не сакам да го повторувам. Секој кој ме познава знае каков сум и какво детство имав Никој на овој свет не може да ми каже дека не можам да јадам“.