Хормон кој го произведува фетусот може да ги објасни мачнините во бременоста

од Stefanija Kuzmanovska
282 прегледи

Хормон кој го произведува фетусот би можел да биде причина за гадење и повраќање од кои страдаат многу жени за време на бременоста, големо откритие што може да го отвори патот за развој на ефективни методи на лекување.

До седум од десет бремености се придружени со гадење и повраќање. Кај некои жени – помеѓу една и три бремености на 100 – овие симптоми може да бидат сериозни. Тоа се нарекува трудничка хипермерза и е најчеста причина за хоспитализација на жените во првите три месеци од бременоста.

Кејт Мидлтон, сопругата на принцот Вилијам, страдаше од тоа во сите три бремености.

Според резултатите од истражувањето објавено неодамна во списанието Nature, во кое соработувале научници од Кембриџ, Шкотска, САД и Шри Ланка, гадењето и повраќањето – сериозни или не – се должат на хормон кој го создава фетусот – протеин кој се нарекува GDF15.

Научниците докажаа дека сериозноста на проблемот е поврзана со количината на GDF15 произведена од феталниот дел од плацентата што завршува во крвотокот и со чувствителноста на тој хормон.

Тие откриле дека некои жени имаат генетски поголем ризик, кој е поврзан со пониските нивоа на хормонот во крвта и ткивата надвор од плодот.

Слично на тоа, жените кои имаат наследна болест на крвта, бета таласемија, што предизвикува природно многу високи нивоа на GDF15 пред бременоста, имаат малку или никакво гадење.

„Детето кое расте во утробата создава хормон во количина на која мајката не е навикната. Колку е почувствителна на тој хормон, толку полошо ќе ѝ биде“, вели професорот Стивен О’Рахили, директор на Институтот за метаболички науки на советот за медицински истражувања Wellcome-Medical Research во Кембриџ, еден од авторите на студијата.

Научниците се надеваат дека откритието ќе им помогне да развијат ефективни методи за лекување на проблемот.

Слични содржини