Шеесетгодишен маж од селото Крупиште го загуби животот во сообраќајна несреќа што се случила на 3 мај 2025 година околу 15:00 часот на магистралниот пат Кочани – Штип, на влезот во селото Крупиште, општина Карбинци.
Како што информираат од СВР Штип, В.М.Р. управувал патничко возило од марката „Форд“ со радовишки регистарски таблички, кога изгубил контрола над возилото и излетал од коловозот. Возачот починал на местото на несреќата, а неговата смрт била констатирана од екипа на Итната медицинска помош од Штип.
За настанот бил известен надлежен јавен обвинител, а увид извршила екипа од СВР Штип.