Хорор во Демир Капија: Четири малолетници силувале врсничка

од Nikola Popovski
284 прегледи

Четири малолетници од Демир Капија силувале врсничка, по што мајката на девојчето пријавила во МВР, информираа од велешката полиција.

Од СВР Велес информираат дека синоќа во 23.30 часот во Полициската станица Неготино, 30-годишна жена од Демир Капија пријавила дека подолг временски период четири малолетници, врсници на нејзината малолетна ќерка, во објект во изградба во двор на основно училиште, ја присилувале нејзината ќерка на сексуални односи со нив.

-Запознаен е јавен обвинител од ОЈО Кавадарци и Центарот за социјални работи Неготино. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, додадоа од СВР Велес.

Слични содржини