ХОРОР ВО ГЕРМАНИЈА: Маж фрлил момче (10) од мост бидејќи зборувало на украински јазик

од Stefanija Kuzmanovska
558 прегледи

Германската полиција интензивно трага по маж (40) кој „зборува руски“ и кој фрлил 10-годишно момче од Украина од мост „бидејќи зборувал украински“.

Според полицискиот извештај што го објави франкфуртскиот портал „Феникс-магазин“, момчето кое било нападнато си играло со уште неколку украински деца на мостот над Мухленканал во Ајнбек во Јужна Саксонија во саботата. Им пришол маж на околу 40 години и им се обратил на руски.

Тој ги нападнал бидејќи зборувале украински и ја обвинил нивната земја дека предизвикала војна, тврдат децата.

Според непотврдени информации, непознатиот маж прво „повлекол девојче за коса“, а потоа „грабнал 10-годишно момче и го фрлил преку оградата на мостот во каналот“.

„Момчето удрило во металните потпори под оградата на мостот, при што се здобило со повреди на главата и левото стапало“, изјави заменик-обвинителот, додавајќи дека момчето било пренесено во болница од каде подоцна било пуштено.

Напаѓачот побегнал, а децата нападот им го пријавиле на родителите кои веднаш повикале полиција.

Германската полиција издаде налог за пронаоѓање на осомничениот, а Државното обвинителство во Гетинген отвори истрага „за обид за убиство од небрежност“. Државниот правобранител нападот го оцени како политички мотивиран.

Слични содржини