Хорор во Германија: Момче (15) со српско потекло ја задавило девојката, па повикало полиција

од Stefanija Kuzmanovska
702 прегледи

Момче (15) со српско потекло минатата среда ја задавило својата девојка (15) во шума во близина на Улм, а несреќната девојка починала на новогодишната ноќ како последица од нападот.

Според германските медиуми, момчето кобната вечер повикало полиција и кажало дека ја убило својата девојка. Екипата за итна помош пристигнала по 45 минути и го нашла девојчето без знаци на живот како лежи во шумата.

Нејзината состојба била критична, а познаниците рекле дека околу Нова година ќе бидат исклучени машините што ја одржувале во живот.

Таткото на момчето убиец лани бил испратен на психијатриско лекување бидејќи за време на велигденските празници со нож убил девојче (7) во близина на училиште. Тој на судењето рекол дека интензивно го проучувал Куранот и дека во еден момент сфатил дека мора да жртвува едно од своите деца за Бога, пренесува „Билд“.

Мотивот за ова убиство не е познат, а познаник на семејството рекол дека момчето било посесивно и љубоморно, а неговата девојка сакала повеќе слобода.

Момчето е уапсено во близина на местото каде што е пронајдено девојката, а еден ден подоцна му била одредена мерка притвор.

Слични содржини