ХОРОР ВО КОВИД БОЛНИЦА ВО ИТАЛИЈА: Лекар уапсен под сомнение за убиство на пациенти

од Stefanija Kuzmanovska
336 прегледи

Италијанскиот лекар Карло Моска (47) е уапсен под сомнение за убиство на најмалку двајца пациенти со коронавирус во болница во Ломбардија за време на првиот бран на пандемијата во март. Како што покажа досегашната истрага, тој на пациентите заболени со корона им дал смртоносни дози на анестетици, а полицијата истражува уште три сомнителни смртни случаи на одделот, управуван од д-р Моска.

Барал од сестрите да лажат

Според италијанските медиуми, анонимна пријава била поднесена против д-р Моска во април, по што обвинителството започнало истрага. Полицијата открила пораки на телефонот на лекарот во кои тој се обидел да ги убеди медицинските сестри од неговото одделение да го заштитат и да ја ускладат приказната со неговата.

„Откако беше покрената истрагата, д-р Моска побара од медицинските сестри да дадат лажни изјави пред истражителите со цел да го заштитат. Медицинските сестри подоцна ги опишаа лекарите како „лудиот Моска“ во меѓусебните пораки“, пишува италијанскиот печат.

Како што се додава, полицијата открила преписки за д-р Моска во телефоните на медицинските сестри.

-Една медицинска сестра испратила порака до колешка: „Дали тој ти рече да им вбризгуваш анестетик на пациентите без да ги ставиш на респиратор? Ова никогаш не ми се случило. Не сакам да убивам пациенти затоа што тој сака да ги ослободи кревети. Тоа е ненормално“- напишала едната медицинска сестра на друга.

Според претходните информации, на 20 март, доктор Моска со анестетици ја убил Наталија Бази (61), дијабетичарка која имала срцеви проблеми поради коронавирусот. Два дена подоцна, тој на ист начин го убил пациентот Анчело Палети (80). Исто така беше утврдено дека во периодот од ноември 2019 година до април 2020 година, болницата нарачала 70 проценти повеќе анестетици „сукцинилхолин“ и „пропофол“, кои се користат за интубација на пациентите, отколку вообичаено. Во истиот период, само пет пациенти биле интубирани.

Фалсификувал картони

Покрај убиствата, доктор Моска е обвинет и за фалсификување на здравствените картони на неговите жртви.

-Лекарот ги смени клиничките податоци во евиденцијата за да изгледа дека неговите пациенти се ужасно болни и умираат. Тој го сторил тоа за на неговите колеги да не им биде ништо сомнително – објавија италијанските медиуми.

Тој ги негираше сите обвиненија

Д-р Карло Моска е суспендиран од работа и е во домашен притвор во градот Мантова. Тој ги негираше сите обвинувања, нарекувајќи ги неосновани.

– Никогаш не давав смртоносни дози на анестетици на пациенти. Никогаш не би одзел ничиј живот, јас спасувам животи – рече д-р Моска.

Слични содржини