Хорор во Љубљана: Млад човек ги убил сестра си, мајка и татко, па сам си пресудил

од Берта Китинска

Љубљана синоќа ја потресе страшно злосторство. Во областа Јанче, 22-годишен маж со ладно оружје и пиштол уби тројца членови на неговото семејство, а потоа сами си пресуди.

Словенечката полиција објави дека злосторството се случило во понеделникот вечерта и дека пријавата до полицијата пристигнала околу 21 часот.

Според неофицијални информации на порталот „24ur“, младичот ги убил својата сестра, татко и мајка. Полицијата само потврди дека тој сериозно повредил луѓе на возраст од 26, 56 и 60 години и дека од здобиените повреди починале на самото место. Потоа си го одзеде животот.

Според „24ur“, полицијата најпрво добила повик од 26-годишната жртва, која ги повикала на помош, а потоа ги повикал еден млад човек кој рекол дека е вооружен и дека убил членови на неговото семејство.

 

Слични содржини