Актуелно
Почетна / Хроника / Хорор во Скопје: Психопат со нож ја бодел мајка му и ја запалил

Хорор во Скопје: Психопат со нож ја бодел мајка му и ја запалил

Четириесет и седумгодишен маж од Скопје со психички проблеми ја бодел мајка му со нож, а потоа ја запалил. Жената била пренесена на клиника каде и биле констатирани тешки телесни поврди.

Како што соопшти МВР, вчера во 16:23 часот на ул.„Сава Ковачевиќ“ полициски службеници од Полициска станица Кисела Вода го лишиле од слобода В.С.(47) од Скопје, инаку лице со психички здравствени проблеми, бидејќи било пријавено дека околу 15:40 часот на ул.„Сава Ковачевиќ“ тој со нож физички ја нападнал неговата мајка А.С.(88) од Скопје нанесувајќи и повреди, а потоа ја запалил, но пожарот бил изгаснат од соседите. Со возило на итна медицинска помош А.С. била пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде и биле констатирани тешки телесни повреди.

Од полицијата информираат дека, од местото на настанот е подигнат ножот и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

loading...