Дваесет и осумгодишен струмичанец е приведен под сомнение дека се обидел да изврши обљуба врз малолетничка со која бил во роднинска врска.
Како што денеска информира Министерството за внатрешни работи во дневниот билтен, 28-годишниот Д.Р. е приведен вчера во 15 часот по добиена пријава дека се обидел да изврши обљуба.
-На 06.09.2025 во 15:00 часот во струмичко село, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Д.Р.(28), по добиена пријава дека се обидел да изврши обљуба врз малолетничка, со која биле во роднинска врска, стои во полицискиот билтен.
По целосно расчистување на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.