Хорор во Торонто: Двегодишно девојче почина кога клима уред паднал од 8 спрат право на детската количка (ВИДЕО)

од Aleksandar Petrovski
293 прегледи

Двегодишно девојче од Торонто загина во понеделникот кога клима уред паднал од 8 спрат право на детската количка.

Мајката која ја туркала количката не е повредена, соопшти полицијата. Медицинските работници итно го одвеле детето во болница, но тоа починало од здобиените повреди.

Јавната агенција за станбено згрижување бара од своите станарите да инсталираат прозорски клима уреди во склад со безбедносните стандарди и да ги поставуваат преку балконите, кога тоа е можно.

„Неправилно поставените клима уреди се сериозен ризик за вас и вашето семејство и може да паднат на други луѓе“, предупредуваат.

Станарите може да одговараат за неправилно поставени клима уреди.

Сопственикот на станбениот простор изјави дека го истражува инцидентот и дека ќе се „преземат мерки откако се утврдат фактите“.

Полицијата во Торонто соопшти дека нема да спроведува кривична истрага за несреќата.

Слични содржини