Лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски најави дека работата на техничката Влада ќе биде хорор, каде што ќе се кубеле за коси на седници, велат од СДСМ преку соопштение.
Според нив, тоа е пристапот на којшто, како што велат, функционира ДПМНЕ и покажува дека ништо не е сменето во оваа партија.
-Обидот за хорор на Мицкоски и ДПМНЕ ќе биде поразен на 8-ми мај, порачаа од СДСМ.
Премиерот во оставка, Димитар Ковачевски вчера зборуваше на истата тема во дебатна емисија.
-Го видов ставот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ кој вели тоа ќе биде хорор, каде што ќе се кубеле за коси на седници, тоа е врз основа на пристапот на којшто функционира ВМРО-ДПМНЕ и покажува дека ништо не е сменето во оваа партијата, истакна претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски.
Претходно од ВМРО-ДПМНЕ порачаа дека иако ќе предложат свои министри во техничката влада, нема да гласаат за неа на собраниската седница.