Хороскопски знаци кои најтешко го поднесуваат крајот на љубовната врска

од Vladimir Zorba
324 прегледи

НЕКОИ луѓе можат прилично брзо да го преболат раскинувањето и да продолжат со својот живот, но некои луѓе не се опоравуваат толку лесно од загубата.

Дознајте дали сте еден од знаците на Зодијакот кои не можат да се опорават по раскинувањето и кои многу страдаат по поранешниот партнер.

Рак

Раковите се чувствителни и имаат проблем да го остават зад себе минатото. Тие се исклучително лојални на саканиот иако тој им предизвикал болка и страдање. Дури и ако поранешниот партнер им раскинал и им го скршил срцето, Раковите сепак можат да го сакаат и да се надеваат на помирување.

Риби

Рибите не можат така лесно да се откажат од бившиот и заедничките спомени. Иако на другите можеби не им се чини дека страдаат, нивната емоционална болка може да биде многу интензивна. Овие луѓе често воспоставуваат комуникација со поранешниот партнер во момент на слабост. Тешко им е да се отпуштат бидејќи тоа значи осаменост, а токму стравот од осаменост ги поттикнува повторно да се поврзат со оној кој ги познава во нивната душа.

Лав

И покрај нивниот оптимизам и силната самодоверба, овие луѓе стануваат очајни по раскинувањето. Не можат да поверуваат дека врската за која се грижеле завршила. Нивното страдање е очигледно бидејќи нивниот дух е целосно скршен, па тие веќе не се оние насмеани и весели суштества кои шират позитивна енергија околу себе. Сепак, со поддршка од пријателите, тие можат релативно брзо да се опорават од загубата.

Слични содржини