Хороскопски знаци кои имаат НАЈМНОГУ СТИЛ

од Stefanija Kuzmanovska
567 прегледи

Според астрологијата, хороскопските знаци во кои се раѓаме имаат влијание во повеќе сфери од нашиот живот, па дури и кога станува збор за модните трендови.

Припадничките на овие три хороскопски знаци се истакнуваат кога станува збор за стилот.

БИК

На жената Бик никогаш не ѝ е проблем да вложи во квалитетни и класични парчиња облека, за кои знае дека ќе бидат исплатлива инвестиција. Но, тоа не значи дека не ги следи и новите трендови. Припадничките на овој хороскопски знак имаат непогрешливо чувство за мода.

ЛАВ

Доминантните Лавови уживаат во пофалбите на сите животни подрачја, па силно се трудат во секоја ситуација да бидат најдобро облечените во друштво. Нивните комбинации се доказ дека модниот ризик се исплаќа. Исто така, водат сметка за квалитетот на материјалот и многу им е важно облеката да им стои како да е скроена по нив.

ВАГА

Жената Вага сака да ги следи трендовите и облеката која е во мода, но никогаш нема да облече нешто само затоа што е во мода. Меѓу неа и парчињата облека мора да се случи некоја привлечност. Обожува класични кроеви, но сака да си поигра со материјалите, боите и моделите.

Слични содржини