Хороскопски знаци кои не се создадени за МОНОГАМИЈА!

од Stefanija Kuzmanovska
417 прегледи

Верувале или не, ѕвездите ги мешаат прстите во скоро секој сегмент од вашиот карактер, вклучувајќи шарм, комуникација, харизма но и талент за флерт.

Ако тоа ви е во крвта, сигурно сте родени како припадници на овие хороскопски знаци:

БЛИЗНАЦИ

Жeните родени во овој знак можат да го привлечат вниманието на сите на суптилен начин. Поради нивната прилагодлива природа, тие се справуваат во секоја ситуација и во секое друштво. Нивната насмевка и комуникациската вештина се токму тие што ќе го привлечат вниманието на спротивниот пол на долг рок.

ЛАВ

Жените лавови стануваат главна атракција каде и да се појават. Тие воопшто не треба да се трудат за да го привлечат вниманието на мажите, нивниот вроден шарм и харизма се сосема доволни за да станат цел на бројни додворувачи, без никаков напор.

РИБИ

Рибите лесно ги читаат луѓето, па знаат точно како да го привлечат вниманието на личноста за која се интересираат. Со својата романтична природа, тие многу лесно можат да се најдат под кожата на било кого, а потоа сè е точно како што си замислиле.