Иако сите нас во некои моменти нè обзема чувство на љубомора, овие знаци сепак се издвојуваат. Тоа често е така поради нивната несигурност, но и песимизмот на кој се склони. Внимавајте на следните три хороскопски знаци, бидејќи тие се најмногу склони кон љубомора.
БЛИЗНАЦИ
Близнаците цврсто седат на тронот на најљубоморните. Иако важат за многу позитивни и отворени личности, Близнаците се многу љубоморни луѓе кои често сметаат дека другите не го заслужуваат тоа што го имаат и дека нив треба сè да им припадне. Склони се на озборувања и предрасуди, што произлегува од нивното незадоволство од самите себе.
СКОРПИЈА
Скорпиите се многу посесивни личности кога се љубовта и пријателствата во прашање. Кога ќе пронајдат добар пријател или ќе се вљубат, сакаат да поминуваат цели денови со таа личност и љубоморни им се на сите други кои добиваат внимание од нив. Тие се многу песимистички настроени, па им дозволуваат на мислите да управуваат со нив, што е прилично лошо.
ЈАРЕЦ
И покрај тоа што и другите два знака се склони на љубомора, постои причина зошто и Јарците спаѓаат во оваа група. Имено, нивната љубомора најчесто се појавува кога се во врска, бидејќи многу се несигурни во себе, па тешко им е да му веруваат на партнерот. Нивните мисли често ги водат до незамисливи сценарија поради кои помислуваат колку би било добро да го живеат животот во туѓи чевли.