Хоспитализирана Кејт Мидлтон, палатата објави детали

од Stefanija Kuzmanovska
339 прегледи

Кејт Мидлтон, сопругата на принцот Вилијам, е примена во болница во Лондон поради, наводно, планирана операција на абдоменот.

„Принцезата од Велс се наоѓа во болница по успешната операција на абдоменот“, соопшти денеска Кенсингтонската палата.

Како што изјави нејзиниот портпарол, принцезата вчера била примена во болница на планирана операција.

Како што навел, операцијата била успешно извршена и се очекува принцезата да остане во болница од 10 до 14 дена.

Кејт Мидлтон, според советите на лекарите, најверојатно нема да може да ги извршува своите обврски до Велигден.

Во соопштението не се прецизира за каква операција се работи, а се нагласува дека принцезата инсистира нејзината здравствена состојба да остане нејзина приватна работа.

„Затоа, Палатата ќе дава информации за нејзиното закрепнување само во случаи кога има нешто важно да се објави“, се наведува во соопштението.

Се додава дека „принцезата од Велс би сакала да им се извини на сите што се загрижени за фактот дека мора да ги одложи своите претстојни ангажмани“.

Слични содржини