По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 31 пациент позитивен и суспектен на ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 333 пациенти.
На инфективното одделение во Тетово има 6 пациенти, во Велес се лекуваат 33 болни, а во Куманово 51 пациент позитивeн и суспектни на Ковид 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 30 пациенти, во Прилеп 22, во ковид-центарот во Гостивар 11, а во Струга 16 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 15 пациенти, во Кочани 15, во Кичево 9, Кавадарци 10, а во Гевгелија 4 лица позитивни и суспектни на коронавирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.
Во скопските ковид-центри во изминатите 24 часа се хоспитализирани 6 нови пациенти поради компликации од коронавирусот и тоа 2 пациенти во ГОБ 8 септември и 6 на Клиниката за инфективни болести. Дома се пуштени 8 оздравени пациенти.
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 490 и има околу 750 празни болнички кревети во ковид-центрите.
Поради намалениот број на болни, болниците затворија дел од капацитетите наменети за ковид-пациенти.
Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.
Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.Министерството за здравство има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.