Хоспитализирани вкупно 1.392 пациенти со ковид-19

од Берта Китинска
245 прегледи

Во болниците низ државата се хоспитализирани вкупно 1.392 пациенти со ковид-19, од кои 569 се во Скопје, а 823 во другите градови. Утрово, според податоците од Министерството за здравство имало 300 слободни болнички кревети, од кои 70 се во Скопје.

Во скопските ковид-центри во изминатите 24 часа се примени 70 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Од нив 48 се примени на Интерните и хируршки клиники имало 48 приеми, тројца во ГОБ 8 Септември, 2 на Инфективната клиника, 16 во Козле, а 2 деца се хоспитализирани на Клиниката за детски болести во Скопје. Дома се пуштени 33 оздравени пациенти.

Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 277 пациенти, во ГОБ 8 Септември има 123 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 117 пациенти, на Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле има 16 лица, на Клиниката за детски болести има 27 пациенти, а во ГАК има 10 позитивни пациентки.

Во однос на болниците во другите градови, денеска најмногу пациенти има во Куманово-124, а потоа во Прилеп-117. Во болницата во Битола се хоспитализирани 82 пациенти позитивни и сомнителни на ковид-19, во болницата во Штип се хоспитализирани 65 пациенти, на инфективното одделение во Тетово има 35 пациенти, а во Велес се лекуваат 74 болни. Во ковид-центарот во Охрид се хоспитализирани 94 пациенти, во ковид-центарот во Гостивар 35, во Струга 20 болни, во струмичката болница има 62 пациенти, во Кочани 15, во Кичево 11, Кавадарци 65, а во Гевгелија 25 лица, позитивни и сомнителни на коронавирусот.

Според соопштението од Министерството за здравство, тие имаат увид во состојбата со капацитетите и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Слични содржини