Хотелиерството од година во година бележи се поголем раст

од Vladimir Zorba
373 прегледи

Податоците за зголемен број туристи во државава во чекор ги следат и позитивните финансиски извештаи за работењето на поголем број од хотелите. Нема измени во досегашната пракса според која гостите, особено странските, најмногу ги посетуваат Скопје и Охрид и согласно длабочината на џебот се одлучуваат за рангот на хотелското сместување.

Според податоците од платформата на БизнисМрежа.мк. поголемиот број од хотелите во 2022 година имале зголемена нето добивка во споредба со онаа од 2021 година. Меѓу компаниите чии информации се споделени, највпечатливи се финансиските резултати на хотелот Солун Сервисис ДОО Скопје. Неговата нето добивка во 2022 година изнесувала 28.158.677,оо денари, и е дури за 547,68% поголема од претходната година кога таа била 4.347.606,.оо денари. Зголемен е и процентот на приходите, или 78.241.524,оо денари наспроти претходните 33.040.495,оо денари.

Значително повисока нето добивка регистрирал и Орка Хотел ДООЕЛ Скопје кој изминатата 2022 година ја завршил со нето добивка од 15,734.266,оо денари, за разлика од годината претходно кога сметката била во минус за 350.649,оо денари. Голема разлика има и во неговите приходи, кои во 2022 година изнесувале 90.531.354,оо денари, односно се дури за 82,12% поголеми од 2021 кога тие биле 49.983.293,оо денари.

Со позитивни финасиски резултати годината 2022 ја завршил и УНИКАТ 2017 ДОО Охрид кој имал приходи во износ од 101.244.250,оо денари, а нето добивка од 26.594.381,оо денари што е за 36,13% повеќе од претходната година кога имале вкупни приходи од 68.793.528,оо денари,и нето добивка од 19.535.868,оо денари.

Панорама Резиденс ДООЕЛ Скопје 2022 година ја завршил со добивка од 22.011.754,оо денари, односно за 5,91% повеќе од 2021 кога на сметка имал 20.783.143,оо денари.

Поголеми приходи регистрирал и Хотели – Метропол АД Охрид (183.181,532,оо) како и нето добивката во износ од 966.804,оо денари. Овој финансиски резултат е многу подобар од оној во 2021 кога годината ја завршиле со минусно салдо од 15.023.020,оо денари. Разликата пред се се должи на зголемените приходи кои во 2022 биле дури за 55,16% поголеми, односно изнесувале 183.181.532,оо денари.

Интернешенел Хотелс АД Скопје минатата година имале зголемени приходи за 76,03%, односно оствариле 84.536.359,оо денари, но сепак, ја завршиле со негативно салдо во износ од 18.396.157,оо денари.

Намалени приходи и нето добивка има Аурора Ресорт и СПА ДООЕЛ Берово. Овој хотел во 2022 година остварил приход во износ од 52.105.327,оо денари или за 5,37% помалку од претходната година кога тој бил 55.060.111,оо денари. Нето добивката е намалена за 70,85%, односно на завршната сметка биле регистрирани 1.512.725 денари, наспроти инзосот од 5.190.318 денари остварени во 2021 година.

Очекувањата се дека позитивните финансиски извештаи на хотелите ќе бидат уште подобри за тековната 2023 година во која имаше значително зголемен број туристи.

Според Државниот завод за статистика, во периодот јануари – август 2023 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 22.0 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 0.4 %, а кај странските има зголемување за 42.4 %. Бројот на ноќевањата во август 2023 година изнесувал 877 138, од кои 75.2 % се од домашните туристи, а 24.8 % од странските туристи.

Слични содржини