292
Премиерот на Косово, Авдулах Хоти, повтори дека целта на дијалогот меѓу Белград и Приштина е „взаемно признавање и нормализирање на односите“ и истакна дека Приштина има меѓународна поддршка во тој поглед.
„Мислам дека сме на патот кога меѓународните партнери ќеи кажат на Србија „доста е“. Само взаемно признавање ќе го смири овој дел од Балканот“, рече Хоти во емисијата „Пресинг“ на приштинската телевизија Т7.
Тој рече дека Србија има информации за исчезнатите лица што ги бараше на средбата со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во Брисел.
„Има такви информации во српските архиви. Сакав тоа да биде првиот принцип. Побарав да се отворат сите архиви за да се затвори таа тема, а вториот принцип е спроведување на правдата“, рече Хоти.