Хоти: Не постои технички дијалог, само таков за признавање

од Vladimir Zorba
252 прегледи

Премиерот на Косово, Авдулах Хоти, изјави денеска дека рестартираниот дијалог со Белград не е технички, туку, како што рече, „дијалог за меѓусебно признавање“.

Тој на својот Фејсбук напиша дека станува збор за разговори што се воделе за да се постигне конечен договор за меѓусебно признавање.

„Не постои технички дијалог, туку само дијалог за конечен договор за взаемно признавање и нормализирање на односите меѓу двете земји“, напиша Хоти.