Хоти: Нема договор со Србија без признавање на Косово

од Vladimir Zorba

Премиерот на Косово, Авдулах Хоти изјави денеска дека нема да има конечен договор меѓу Косово и Србија без меѓусебно признавање.

Тој одговори со објава на Фејсбук до претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој ден претходно рече дека Србија нема да го признае Косово сè додека тој е претседател.

„Изјавите дека нашиот северен сосед нема да ја признае независноста на Косово не придонесуваат за дијалогот. Дијалогот продолжи за јасни принципи на конечни договори за нормализирање на односите и заемно признавање и нема да има делумен договор. Ако нема заемно признавање, нема да има договор. Косово ќе продолжи по својот пат кон Европската унија“, рече Хоти.

Премиерот повтори дека „нема договор со Србија без заемно признавање“ и рече дека „Косово е посветено на решавање на сите отворени прашања со Србија преку дијалог со посредство на ЕУ што се одржува во Брисел“.

Слични содржини