Хоти: Нов претседател или предвремени избори

од Vladimir Zorba

Премиерот на Косово, Авдулах Хоти изјави дека политичките партии имаат можност да изберат нов претседател или да одат на предвремени избори, бидејќи Специјалниот суд во Хаг поднесе обвинение против поранешниот претседател Хашим Тачи, пренесува „Коха“.

Хоти рече дека се уште не се започнати внатрешни консултации со политичките партии, но очекува дека нивната позиција ќе се види за неколку недели.

– Слушнавме расположенија на различни партии на оваа тема. Верувам дека наскоро за неколку дена, за неколку недели, сите парламентарни политички партии ќе седнат, затоа што мора да зборуваме како цивилизирани луѓе, како одговорни политички партии за да најдеме решенија за граѓаните – истакна Хоти, пренесува „Косово онлајн“.

Слични содржини