Премиерот на Косово, Авдулах Хоти на својот профил на Твитер објави дека ќе разговара за големи проекти со српската страна во Белата куќа на 2 септември, што ќе ја промени економската перспектива на Косово и на целиот регион.
„САД отсекогаш биле клучни во градењето на државата Косово. На 2 септември ќе се сретнеме со српската страна, како независни држави, во Белата куќа заради големите проекти што ќе ја променат економската перспектива на Косово и регионот. Косово е благословено со своите пријатели“, напиша Хоти на Твитер.
Специјалниот претставник на американскиот претседател за преговорите меѓу Србија и Косово, Ричард Гренел, денеска соопшти дека разговорите меѓу Белград и Приштина ќе се одржат во Белата куќа на 2 септември.
Оваа средба доаѓа откако претходната средба, закажана за 27 јуни, беше откажана.