Гнев и огорченост во Израел и во Светскиот еврејски конгрес: комисија на УНЕСКО ја одобри нацрт резолуцијата, која го утврдува храмови рид во Ерусалим исклучиво како муслиманска светиња.

Спорната резолуција, која била одобрена од програмска комисија на Извршниот Совето на УНЕСКО, се уште не е конечно усвоена. Следната недела документот треба да биде разгледан на пленарна седница на Извршниот Совет на организацијата.
“Театар на апсурдот”
Во овој текст Ерусалим е доделен како свештен град како за Евреите, така и за христијаните и муслиманите. Но еден пасус во кој се зборува за храмовиот рид, предизвика остри реакции од страна на еврејската држава.
Според израелскиот весник “Аарец”, во односниот пасус храмовиот рид се споменува само како свето место за муслиманите, без да се истакнува неговото значење за Евреите. Никаде не се наведува и еврејското име на ридот, Каде своевремено се крева Светиот храм за Евреите , уништен во 70-та година од Римјаните. Наместо тоа во документот се споменуваат само муслиманските имиња “Ал Акса” и “Харам ал-Шариф”.

Реакцијата на Израел не задоцни. Премиерот Бенјамин Нетанјаху ја осуди остро одлуката на комисијата на УНЕСКО и изјави дека на овој начин се ставаат под прашање еврејските корени на Ерусалим. “Тврди дека Израел нема никаква врска со храмовиот рид и со Ѕидот на плачот, е сеедно да кажеш дека Кина нема никаква врска со Кинескиот ѕид или пак дека Египет нема врска со пирамидите”, изјави Нетанјаху и додаде дека целата оваа историја личи на “театар на апсурдот”. Остро реагира и Светскиот еврејски конгрес. “Одлуката на УНЕСКО е срамна. Тоа е фарса и навреда кон целиот еврејски народ”, изјави во Њујорк претседателот на организацијата Роналд Лаудер.
Ерусалим – централен заплет во блискоисточниот конфликт
Покрај Палестинците, подносители на проектот за резолуција се уште Египет, Алжир, Мароко, Либан, Оман, Катар и Судан. При гласањето документот бил поддржан од 24 земји. Шест биле против, а 26 се воздржани.
Токму статусот на Ерусалим е еден од главните проблеми во блискоисточниот конфликт. Со ова свето место се поврзани голем број важни религиозни преданија, меѓу кои создавањето на Адам и Ева, принесувањето жртва на Исак и вознесение на пророкот Мухамед.