Храна која може да доведе до затнување на артериите

од Vladimir Zorba
97 прегледи

Солената храна е основна во многу исхрани, но прекумерниот внес на натриум може да има сериозни последици за здравјето на срцето. Исхраната богата со натриум придонесува за висок крвен притисок, кој е водечки фактор на ризик за срцеви заболувања и затнати артерии.

Со текот на времето, овој притисок врз кардиоваскуларниот систем може да доведе до таложење на наслаги во артериите, ограничување на протокот на крв и зголемување на ризикот од срцев и мозочен удар.

Одредена солена храна, која можеби веќе ја има во нашата кујна, може да има штетно влијание врз здравјето на кардиоваскуларниот систем, тврди нутриционистот Крутика Нанавати.

Како што наведува, ова се два вида на храна кои треба да ги избегнуваме.

1. Замрзната пица

Замрзнатата пица често е првиот избор кога чувствуваме желба за брза и вкусна храна. За жал, Нанавати предупредува дека редовното консумирање на оваа замрзната храна не е добар избор за здравјето на срцето.

– Замрзнатите пици често се полни со кашкавал и преработено месо, што ги прави исклучително богати со натриум. Исто така, многу популарни брендови користат погусто тесто, што дополнително ја зголемува вкупната содржина на натриум“, истакнува нутриционистот.

2. Чипс

Чипсот е една од најкласичните и најпопуларните закуски. Но, експертите предупредуваат дека е и крајно нездраво и може да доведе до низа здравствени проблеми, вклучително и зголемување на телесната тежина и срцеви компликации, доколку се консумира редовно во прекумерни количини. Покрај тоа, може да предизвика затнување на артериите.

Нутриционистката Сузан Шахтер се согласува со овие тврдења и додава дека чипсот е и „богат со прекумерни количини на натриум“, што носи дополнителни здравствени компликации.

Слични содржини