Храна што не треба да се пече во микробранова

од Nikola Popovski

Веројатно веќе сте подготвиле некои од овие намирници со помош на микробранова печка, но не сте знаеле дека тоа не е најдобрата идеја.

Тврдо варени ЈАЈЦА

Не обидувајте се да готвите јајца во микробранова печка бидејќи може да имате вистинска мала кујнска катастрофа. Имено, наглото зголемување на температурата во микробрановата создава голема количина на пареа во јајцето која нема каде да избега, па јајцето може да „експлодира“. Имајте на ум дека тоа обично се случува само откако ќе го извадите тврдо вареното јајце од рерната и никој не сака жешки остатоци од јајца на рацете, лицето и кујната.

ЗАМРЗНАТО МЕСО

Одмрзнувањето на месото во микробранова печка може да биде брзо, но обидете се да го избегнете овој процес. Во зависност од тоа каков вид на месо имате, потенките делови може да почнат да се варат, додека подебелите може да останат замрзнати. Ако имате микробранова печка која не ја ротира храната, тоа доведува до нерамномерна распределба на топлината, поради што бактериите во месото, кои топлината треба да ги уништи, всушност само растат и се размножуваат. Затоа е најбезбедно да се остави месото да се одмрзне во фрижидер.

МЕСНИ ПРОИЗВОДИ

Содржат конзерванси кои им го продолжуваат рокот на траење, а овие конзерванси стануваат уште понездрави за организмот кога се загреваат во микробранова печка.

ПИЛЕШКО

Салмонела често се наоѓа во месото, особено во пилешкото. Затоа е важно да се готви темелно за да се уништат сите бактерии. Микробрановата печка не може целосно и рамномерно да го зготви секој дел од пилешкото кое има поголема протеинска густина, па постои можност бактериите да го преживеат препаратот во микробранова печка.

ОРИЗ

Неварениот ориз содржи мали бактерии кои можат да преживеат при готвење во микробранова печка. Во моментот кога ќе го извадите оризот печен во микробранова и ќе го оставите на собна температура, бактериите се размножуваат и може да предизвикаат стомачни проблеми.

Слични содржини