Храна за мажи во зима

од Vladimir Zorba

Сите сме луѓе, но мажите и жените се создадени поинакви. 5151066Двата пола имаат различни вкусови и имаат потреба од различни видови храна, за да се чувствуваат здрави и во расположение на духот и телото.

Мажите имаат потреба од повеќе протеини и масти, за да бидат силни, активни и да ja намалат посетата кај лекари колку е можно повеќе. Foodpanda одбра, која е наајсоодветната храна за посилниот пол, во зимската сезона. Наведената храна може да ве заштити од висок крвен притисок, мозочен удар, висок холестерол и срцеви заболувања.

Лосос- Сите омега 3 масни киселини помагаат за намалување на триглицеридите и штитат од кардиоваскуларни заболувања.

Мешункасти растениja- Тие се слободни од нездрави масти и го намалуваат нездравиот холестерол во крвта.

Печурки- тие содржат помалку калории и се добар извор на калиум, супстанца која може да помогне за намалување на крвниот притисок и неутрализирање на негативните ефекти од вишокот натриум.

Компири- исто така се многу добар извор на калиум кој ја подобрува циркулацијата и го одржува протокот на крв. Тие го зголемуваат либидото.

Јајца- Само едно јајце на ден е доволно поради содржината на 15% рибофлавин. Едно од супстанциите кои ја претвораат храната во енергија.

Урда- Млекото во неа помага за апсорбирањето на сите хранливи материи, од кои имаме потреба.

Месо- свинското посно месо, всушност воопшто не е толку штетно, колку што лекарите велеа до скоро. Еднаш неделно е корисно да го конзумираме.

Слични содржини