По целодневната расправа, Хрватска доцна вечерва доби нова, тринаесетта влада. Парламентот со мнозинство гласови му ја даде довербата на мандатарот Тихмир Орешковиќ .
– Ако можам да помогнам на хрватскиот народ, овде сум , не одам никаде, порача новиот Премиер на Хрватска, Тихомир Орешковиќ.

Новата Влада ја поддржаа 83 пратеници, а имаше 61 против и 5 воздржани. Новите членови положија заклетва дека чесно ќе ја вршат својата должност.
По гласаањето премиерот и новите министри положија заклетва.
Непосредно пред гласањето од поддршка за владата се откажа креаторот на економската програма на Мост, пратеникот Иван Ловриновиќ кој изјави дека програмата на Мост е преправена до непрепознатливост и дека се чувствува изигран.
Главната цел на оваа Влада е подобрувањето на економските и општествените состојби во државата и подобрување на животниот стандард на граѓаните, најави Орешковиќ.
Тој вели дека ќе настојува Хрватска во следните четири години да се трансформира во три подрачја: економски раст, конкурентност и квалитетен живот. Ветува дека ќе обезбеди годишен раст на БДП за повеќе од 3 отсто и намалување на јавниот долг на помалку од 80% од БДП до 2020-та година, ќе го намали дефицитот на помалку од 3% за една година. Се надева на зголемен извоз за 30% и намалување на невработеноста за под 14%.
Орешковиќ се надева дека ќе го зголеми БДП по глава на жител за 2000 евра.