ХРВАТСКА го поддржува отворањето на пристапните преговори меѓу Северна Македонија и Европската унија што е можно поскоро, рече премиерот Андреј Пленковиќ во Загреб на состанокот со претседателот на С. Македонија, Стив Пендаровски, соопштиле од хрватската влада.
На состанокот одржан во Бански двори, биле потврдени квалитетните односи меѓу двете пријателски земји.
Според изјавата, Пленковиќ ја потенцира целосната поддршка на Хрватска за отворање на пристапните преговори на С. Македонија со Европската унија што е можно поскоро.
Тој потсетил дека Хрватска изразила силна поддршка за европскиот пат на Северна Македонија како и продолжување на процесот на проширување на ЕУ на Самитот во Загреб во мај 2020 година за време на нејзиното претседателство со Советот на Европската унија.
Беа разменети мислења и за моменталната состојба во Македонија и соседството.
Двете страни изразија желба за натамошно зајакнување на економската соработка и бидејќи две членки на НАТО, Хрватска и Северна Македонија се подготвени да ја продлабочат соработката во воената индустрија, се вели во соопштението.
Foto: Patrik Macek/PIXSELL