Хрватскиот министер за труд, Јосип Аладровиќ не ја исклучи можноста за воведување скратување на работната недела како резултат на епидемијата од коронавирус.

Тој рече дека следната недела е закажана седница на Економско-социјалниот совет, на која работодавците, синдикатите и владата ќе се обидат да постигнат консензус за тоа каде би можеле да се направат сите заштеди.
Потпишани се колективни договори, но очекувам претставниците на работниците да ја прифатат ситуацијата, вели Аладровиќ на гостувањето на „РТЛ Данас“.
Тој исто така најави дека работната недела може да се намали на четири дена.
„Во овој момент, ние се решивме за мерките што ги презентиравме минатата недела, но јас не би ја исклучил мерката за скратување на работната недела“, рече Аладровиќ.