Хрватска со 333 новозаболени, 7 лица починаа

од Vladimir Zorba
216 прегледи

Нови 333 случаи на заразени со коронавирус се регистрирани во Хрватска во последните 24 часа, седум лица починале, а бројот на активни случаи е 1.446, објави во петокот Националниот штаб за цивилна заштита.

Меѓу активните случаи, 286 пациенти се во болница, од кои 23 се на респиратор, пренесува Хина.

Во последните 24 часа беа тестирани 4.793 примероци и 205 лица се опоравија.

Во моментов има 8.266 лица во самоизолација.

Од 25 февруари, кога е регистриран првиот случај на инфекција во Хрватска, регистрирани се 17.160 лица заболени од коронавирус, од кои 291 починале.

Вкупно закрепнаа 15.423 луѓе.

До денес се тестирани вкупно 317.199 лица.

Слични содржини