Хрватска – за и против абортусот

од Vladimir Zorba
87 прегледи

 

 

 

Хрватскиот Уставен суд во октомври го одржа првото заседание на тема оценка на уставноста на законот кој им дозволува на жените абортус, а конечното решение може да се очекува следното лето, 25 години откако во Уставниот суд пристигна првото барање за оценка по тоа прашање.zagreb-protest-abortus-640x360

Заради жестоките идеолошки полемики во јавноста во врска со абортусот, Судот со години молчеше, иако првото барање за оценка на законот го поднесе Ружица Чавар, лекар и католички активист, уште во далечната 1991 година.

Во меѓувреме, Судот, како што тврди, собирал мислења и аргументи на експерти, но не определил никакви рокови за произнесување по проблемот.

Хрватска е најмладата членка на Европската унија, а во повеќето држави од ЕУ абортусот е понуден како лична одлука на жената – освен во Ирска и Малта, каде е строго забранет. Во Полска и на Кипар е дозволен само ако е под закана животот на мајката, ако бременоста е последица од силување или ако има деформации на плодот.

Во Хрватска е во сила Законот за здравствени мерки за остварување на правото на слободен избор за раѓање деца, но се смета дека тој не се применува стриктно. Абортуси се уште се изведуваат илегално или се прогласуваат за спонтани и затоа официјален Загреб доби дури и строго предупредување од ОН.

Нема никакви знаци како ќе заврши овој долгогодишен спор, кој ја бранува хрватската јавност и стана актуелен и за новата влада на Андреј Пленковиќ.

Непосредно пред потврдувањето на неговиот мандат, Пленковиќ пред новинарите рече дека владејачката Хрватска демократска заедница (ХДЗ) не е за целосна забрана на аборусот, туку сака образувањето и сите други мерки да се издигнат на такво ниво што слични проблеми да станат најмалку можни или да бидат избегнати, кога е тоа можно.

Министерот за надворешни работи и европски прашања, Давор Иво Штир, на таа тема рече дека размислувањето за промени во законот за право на абортус, кој сега е во надлежност на Уставниот суд, не е во фокусот на новата Влада, а тој лично „не би дигнал рака за такви закони“, туку е за обука и промоција на заштитата од забременување.abortus-genocid

Хрватската јавност е всушност во жесток конфликт по тоа прашање. Додека едни сметаат дека абортусот треба да биде озаконет, достапен и сигурен и дека жената има право да донесува одлуки за сопственото тело, други, напротив, се за строга забрана на абортусот, истакувајќи дека секој има право на живот.

Тоа самото по себе немаше да е чудно, ако Хрватска не беше католичка земја во која црквата најстрого го осудува абортусот.

Затоа во цела Хрватска на почетокот на октомври беше организирана акција на т.н. „молители“, кои со недели неуморно се молат против абортусите, а истовремено се организираат и протести на активисти на Работничкиот фронт, кој има поинакво мислење за тоа.

„Молителите“ ги организираат своите молитви пред две загребски болници и 22 други болнички установи во земјата, со цел да влијаат на оценката на Уставниот суд за споменатиот закон. Акцијата беше наречена „40 дена за живот“, а нејзините органзиатори тврдат дека абортусот е поголем проблем од војните во светот.

Тие исто тврдат дека не се политичка иницијатива, но не ја исклучуваат можноста за политичка борба и организирање на референдум за забрана на абортусот.

Активисти од Работничкиот фронт, кои го бранат абортусот, се собраа во саботата на оброк пред болницата „Милосрдни сестри“ во Загреб, а нивниот претставник Давид Билиќ објасни дека се борат против „најцрниот мрак кој ги спречува жените да одлучуваат сами за своето тело“.

Пред протестот, пратеникот Жељко Гласновиќ на својот Фејсбук профил ги повика „Хрватите да ги заштитат молителите од црвените бандити“, но како што констатираа хрватските медиуми, самиот тој не се појави на протестот пред болницата.

Тие протести по правило се обезбедувани од голем број полицајци. Молитвената иницијатива пред хрватските болници која повикува на забрана на абортусите, ќе продолжи до 6 ноември.

Според статистички податоци, во Хрватска во периодот на поранешна Југославија се направени 600.000 абортуси, а од 1991 година, па досега – 268,000.

А главното прашање по кое треба да се произнесе Уставниот суд е дали и од кога човековиот ембрион може да се стави под определбата „секое човечко суштество има право на живот“.

За многумина во Хрватска е парадоксално што законот кој се занимава со абортусот и кој е донесен уште во 1978 година, има толку здрави корени и веќе 38 години опстојува на промените.

„Абортус – да или не“, е најчестата тема на социјалните мрежи во Хрватска. Така, една читателка напиша: „Најдобро е да се воведат средновековните методи на горење, камшикување или врзување, а кој ќе се ослободи, може да направи абортус. Ајде, оставете ги жените да прават со своите тела што сакаат. Каков фактор сте вие за да решавате за тоа?“

Кон тоа мислење се приклучи и еден читател кој рече дека никој не е за абортус, но тоа е „нужно зло“ во современиот свет.

– Не е грубо и арогантно да и се забрани на некоја жена да решава за своето тело, особено ако по тоа сите тие поборници за правото на детето на живот не се грижат за него откако тоа ќе се роди. Освен тоа, детето е одговорност и обврска за кое, да бидеме искрени, не сите се подготвени и способни. И во секој случај е поморално да се направи абортус, отколку подоцна кога детето ќе се роди за биде фрлено во контејнер, заборавено и оставено да умре. А ако се воведе забрана, такви случаи ќе има се повеќе и повеќе, затоа што кој не сака дете, вака или онаку ќе се ослободи од него, коментира мажот

Танјуг – Белград