Хрватска затегнува границата со Србија, Словенија нема да прифаќа неограничен број мигранти Словенија повика Хрватска, Србија и Македонија да преземе мерки за ограничување на мигрантите.
Мигрантите беа запрени во нивите со пченка, во кои обично минуваа од средината на месец септември. Тензиите на границата меѓу двете држави тргнаа дента откако властите во Будимпешта ја затворија границата со Хрватска. Според еден од добровлците Јан Пино околу 2.000 мигранти очекуваат да поминат од Србија во Хрватска. Во исто време Словенија предупреди дека нема да прифаќа неограничен број мигранти кои ја преминуваат границата додавајќи дека Хрватска, Србија и Македонија, најверојатно ќе треба да преземат чекори за доцнењето на протокот. “Не можеме да прифатиме неограничен број мигранти, ако знаеме дека тие не можат да го продолжат патот”, рече Бостян Шефич, секретар во Министерството за внатрешни работи. “Верувам дека Хрватска, Србија и Македонија, исто така ќе треба да преземат мерки”, додаде тој. Властите во Љубљана соопштија дека можат да прифатат до 2000 луѓе дневно. Унгарија соопшти дека по затворањето на границата со Хрватска нагло е намален дотокот на мигранти во земјата.
Од почетокот на годината во Унгарија пристигнале околу 400 000 илегални мигранти. Министерството за внатрешни работи во Скопје соопшти дека за последните три месеци од Грција во Македонија пристигнале над 152 000 луѓе. Сите тие доаѓаат организирано со автобуси или возови до македонскиот пограничен град Гевгелија. / БГНЕС, РТС, Индекс и АФП