Пет нови случаи на коронавирус во Хрватска, со кои бројот достигна до вкупно 37 заразени.
Ова го објави утринава Националниот штаб за цивилна заштита.
Раководителот на Институтот за јавно здравје на Хрватска, Крунослав Чапак рече дека имало два случаи во Осијек, по еден во Сисак, Вараждин и Загреб.
Чапак изјавил дека во Осијек станува збор за контакти со заразеното лице од Загреб, а во Сисак станувало збор за лице кое се вратило од Шпанија. Во Вараждин и во Загреб, едниот патник се вратил од Америка преку неколку места од Европа, а другиот од Шпанија.
Досега се потврдени 37 пациенти со коронавирус во Хрватска. Чапак истакна дека досега се излечени две лица.